ГанГ's blog http://divoto-o.blog.com.mk/blog/1496 mk the cat, my cat! http://divoto-o.blog.com.mk/node/151560

03.04.2002 - 21.04.2008

мојот единствен крал

покорен само пред него

RSCN0050.JPG

греби некого кај и да си

:(

Wed, 23 Apr 2008 01:01:22 +0200 рандом јутјуб :) http://divoto-o.blog.com.mk/node/148844

уер дид д фиши ГОУ!



не прекинав да се смеам :D

Fri, 11 Apr 2008 17:49:43 +0200 нај маска http://divoto-o.blog.com.mk/node/146905

според ГанГ


(рандом луѓе на улица беа, не ги знам лично, ама секоја чест!)

Fri, 04 Apr 2008 01:50:15 +0200 отвори се ганг, претвори се во море :) http://divoto-o.blog.com.mk/node/144625

се изгуби поентата.

сеуште месечарам, гледам по кровови и спијам по два саата.

сеуште се губам во заблудата која сам си ја создавам, сега дури не ни пазам каде газам и што од кого придобивам.

мило ми е што повторно насмевката на најважната личност е вперена во мене, само овој пат ступиден е целиот момент да барам толку многу од фацата која едвај ме запознала.

интересното е што секој момент очекувам да ја исплашам, чекам да избега.

уште поинтересно е тоа што пишувам тука најотворено, а сепак никој што ќе го прочита ова никогаш нема да ме разбере.

хех... епа ајмо ондак :)

што ганг научи од својата болест и во што таа се претвори.

- не сакам фрижидери - факт, не сакам да развивам некрофилија.

- не сакам да бидам учител, поготово кога ученикот мисли дека знае повеќе, а надвор од училница ги продава моите скрипти.

- убаво е после долг период да увидам дека можам да бидам смешен, за разлика од страшен и патетичен.

- што повеќе отварање, ТОЛКУ ПОЛОШО.

- колку повеќе оставаш простор да те потценат, толку повеќе можеш да изненадиш позитивно.

- мојата брада не боцка, виткана е, мојата брада голицка! :)

- колку повеќе се трудиш да изгледаш комплицирано, колку повеќе се обидуваш да „ја трогнеш, да видиш бар една солза (р.вртев)“ толку повеќе ќе ја уништиш самодовербата кај соговорникот. што и не е толку лоша работа, ама замисли да се преплаши од тебе?

како убер лекција :

- ТОТАЛНАТА НЕСЕРИОЗНОСТ, ШЛАКНАТОСТ, ШИЗОФРЕНИЧНОСТ РУЛЗ!

а во што се претвори мојата гангрена, во муген. недогледна апстракција.

(читај што можеш побрзо за да го доловиш моментот) движења во цик-цак и зборење со тикови, зборење со кучиња, забављање келнерки со откачени муабети, глумење на хамлет во автобуси, поздравување со џандари проследено со прашањето „од кој обид го поминал тестот?“, праќање на бакнежи на непознати во највонредни ситуации, барање дозвола за посвојување на секоја фаца која ќе извади насмевка од лицево, играње чочек за да и покажеш на плешачицата дека не ја бива, хранење птици додека бегаат, гледање скејтери и навивање за да дојде нивниот пад, муабети со сури бидејќи само он се ве разбира а воедно и ништо, жонглирање со секој предмет кој ви е при рака (пожелни се мобилни), правење на најприватни муабети од типот „ што мислиш за секс во четворка“ со таксисти, одговарање на повеќето озбилни прашања со невкусен сарказам, гледање во облаци кога некој ти покажува цура или кола пропратено со зборот „Каде?!“, исплашена фаца и изгубеност кога ќе те праша рандом тетка на шалтер кога си роден, исмејување на се што е шаблонизирано, чудење на поимот „пиење кафе ко човек“ од 20 00 до 24 00, гнасно вреѓање по телефон и дерење кога ќе се јави некој од блиските другари, викање по другарка ти на сред улица „МОЕ ЛИ Е ДЕТЕТО?!“, играње џамлии во маало на сред патека во топли денови со ц'цкање кога некој ќе помине, убедување на цела нација дека работиш како експреимент за лоботомија, тврдење за постоење на трета рака, барање на наочари и кревање узбуна дека се изгубени за на крај да заврши се со реченицата „абе, јас не носам наочари.“... (итн. до безкрај)

не се претворив во подобар човек, само сега моите шизо-другарчиња во празнава ми глава имаат далеку повеќе забава.

људождеру, сеуште немам кажано лош збор за тебе (само затоа што не ме изеде цел, срце и мозок не ги рачунам како витални органи ;) )


Wed, 26 Mar 2008 02:02:55 +0100 не е лесно да се пронајде уметност... http://divoto-o.blog.com.mk/node/125229
...таму каде што не ja очекуваш

Tue, 25 Dec 2007 23:26:36 +0100 надзор http://divoto-o.blog.com.mk/node/120709

Беше топол ден, значи поодмна. Фурајќи дома од маалски кал фудбал им отварам влезна врата на 2ца џандари (пошто со домофон нешо, шифра ова она) и се качувам со нив нагоре, најгоре.

Едниот, подебелиот, ме прашува да не живеам на 5ти. Да. Да не сум Иво чита таму. Да. Дали сум Дим.. не дочитува, јас сепак му викам тој сум. Епа супер испадна и ми даде некоја си покана за што ти ја знам каков информативен разговор, радосно зачувувајќи си ги калориите што ќе ги потрошеше во мојата зграда без лифт.

Ги гледам чудно, се потишувам и прашувам што е работата. Брз и објективен одговор добив „Се може да биде“. Читам таму целиот во прашалници хартивчето, што испечатено што пишано со (ЗАМИСЛИ) ракопис понеразбирлив од на доктор. Дома со мадре ми мењам два збора ова она, што ли ќе е.

Падна договор заедно да тркнеме, единствено што и кажав е да ќути ако е нешто поврзано со нарушување јавен ред и мир, тепачки, дроги и слични ексцесии кои успешно ги избегнувам. Божем ако е за нешто слично сам ќе си се снајдам, си се филмам преставителен и спремен говорно, барем пред џандар (илити инспектор). Само и уочив дека ако е нешто во врска со фирмата (управител на градежна фирма сум, да директоре, фала директоре ова она) она нека збори пошто директоров нема благе везе што се дешава.

Датум пишан, утре од сабајле, убаво време, јебеш факултет, јебеш работа (ова мадре ми, ја џаболебар сум си) јебеш кафе мафе и утрински пораки одиме на информатички (?!?) разговор со инспектор тој и тој. Во станицата карпош, еден среден господин со раскопчана кошула си фура кафето со црна хроника од дневник, а ние, добри денови му посакуваме.

Што е работата, кој е муабетов, за фирмата на господинот. Опа! Надвор од мое поле на разбирања, е тогаш сум најкршлив. Почиња ноншалнтно да збори за што ти ја знам кој објект завршен пред 1 година и наеднаш прекинува за да ме праша, она инспекторски и драматично „ Тука ќе запрам, дали ... сакате ... АДВОКАТ!“. Гледам во коленава и не ми изгледаат стабилни. Кревам поглед „Молам?!“, повторува како да сум од јужна Германија па не разбирам македонски.

„А за што се работи?“ прашува мадре ми, „За надзорот, и тоа е се што ќе кажам додка не одговорите дали сакате да викнете адвокат“

Почнавме да се консултираме со него, он што мисли и како он би го извел сево ова. Мадре врти телефони на некои недостапни фаци, за да извадиме од инспекторот реченица дека он не би викал, дека џабе 200/250 евра ќе ни земел адвокатот. Ај, нек е така, не го мачам рандом адвокатот за 15 мин работа која кошта колку мене целиот.

И почна, (испишано баш така како што е слушнато од моја страна) бла бла бла ПРЕКРШОК, бла бла бла КАЗНА, бла бла бла ШТО ГИ МЕШАТЕ ДЕЦАТА ВО ВАКВИ РАБОТИ, бла бла бла ДАЛИ ИМАТЕ НЕШТО ДА ИЗЈАВИТЕ.

Мајка ми збори за тоа колку јас и значам и дека не би направила никаква глупост кога сум јас во прашање. Јас ја заќутувам и со мојата убитачна ладнокрвна фаца се вртам накај инспекторот за да прашам „Кажете која е казната со која се соочувам, да знам колку е сериозна и како треба да се изразам во врска со темата“, а тој направи фаца која ја јаде мојата сосе веѓи „Дете, најстрашното е од 6 месеци до 3 години затвор“

Колена, кој црни колена... во глава само една сцена

локација - ќелија
сцена - малд дечко со чаршави во рака влегува во ќелија на еден не баш млад и воопште не пријатнолик човек

(исплашена сенка во оние америчкине едноделни помаранџа облеки)
-Здраво, јас сум Иво и сум многу добро момче.

(македонската верзија на глумецот од сопранови, тој главниот)
-Здраво добро момче, од сега па натака си „Кучката на Глигор месарот“

Мислите ми се враќаат во матрицата во која сум заглавен, и слушам некој А, Б лиценци и мирна расправија меѓу мадре и инспекторот. За да ме прати дома со некоја си банална изјава и со неколку зборови за утеха од страна на инспекторот кој ме виде дека се стресов целиот, „Ај не се секирај, може нема да биде ништо страшно“ (аха, може нема да биде Глигор туку Рамзи или сл.)

Цел ден, нормално, облеан со мисли чекам да додје каква било информациај. Утредента мадре ми се јави од работа и ми вика дека ништо не било и дека ќе праиме муабет коа ќе се прибереме по дома.

И што бидна од муабетот.

Ни Глигор, ни Рамзи, најлош случај е прекршочна за фирмата. Казна која кошта 3000 ден. , ама ни тоа немало да биде.

е сега што било штосот :

Во македонија од 2006 во закон стои дека секој надзор на каква било градба треба да има специјална лиценца ( и тоа не една, туку и А и Б лиценца). Тој надзор треба да пројде одредени тестови и да добие овластување, нормално.

АМА, не е Македонија Македноија ако се е така како што треба да е. Никаде во Македнија не се издава таа лиценца (значи ни А ни Б ни Ш) и ниедна градба не е со надзор според закон, што значи, секој може секого да пријави за градње градба незаконски и може да следи казна после увидот од, штотијазнам, овластено лице.

Топ
Фала на убаво поставениот систем

Sun, 02 Dec 2007 03:31:51 +0100 портал - стил алајв http://divoto-o.blog.com.mk/node/118656

з а к о н

Wed, 21 Nov 2007 00:27:05 +0100 отровна купачица http://divoto-o.blog.com.mk/node/113163 .о.о.о.о Sun, 21 Oct 2007 20:31:58 +0200 Тоше бе.... http://divoto-o.blog.com.mk/node/112077

Т О Ш К А бе...

:(

излишни зборои...

Tue, 16 Oct 2007 10:17:21 +0200 веројатно најзакаснетата штафета http://divoto-o.blog.com.mk/node/109612

ми се пишуваше нешто, па еве малку поопширно

ако не тогаш да трчам.

музиката што ќе е надоле наведена е пoттикната од енормни влијанија на :

-мојата постара сестра, примарниот музички патоказ во времето кога бев глуп копук (сега сум умерено глуп копук).

-стари TDK касети по дома. ако меѓу нив не најдете феноменална музика ја ногава ќе ја сечам.

-не знам од каде внесениот став во мојата глава дека се што е најслушано треба да се избегнува. ставов уште држи вода.

е сеа, првата колекција која сакав да ја имам беа сите албуми на металка. сето тоа беше пропратено со, нормално, црн текстил и grim изглед.

видно исмејуван од постариот ми род поради следењето на нејзиниот музички правец почнав да се одлепувам од сојузот (ова воедно е и крајот на мирниот живот со дада, сега слушам музика со цврста изолација меѓу соби).

многу лесно, на мака на моите дома, се преориентирав на се што е продиџикал. се сеќавам дека се јадев жив зошто не можев да одам на концертот на продиџи бидејќи бев малолетен (бев на оној последниов :).

дел од душата сеуште е заглавена во гласот на падре ми и неговиот озбилен пристап пееќи под дејство на што друга ако не на ракија. не сум сретнал некој толку заносно да пее бело копче. TDK-те заглавени во некој стар шкаф само ме заглавија подлабоко со фаци како горан и бебек.

позади дугме стојат уште некои не толку поминати низ ушиве, чорба, бајага, јабука, кичма, па и штулич, е оргазааам...

ми се заглави гитарската музика, а во корелација со младешката националност не ми избегаа архангел (тука вброи мал милион испеани песни со пола клас и бамбус во парк), а богами ни мизар.

тука некако меѓу се се вметнаа и вратите. верувам дека тогаш почнав да се лепам на психоделија, сега веќе сум како куче кое е тренирано да наоѓа псимузика. кога сме веќе кај психоделичен рок, П И Н К Ф Л О Ј Д.

продиџи, ни тогаш, а ни сеа не ми излегоа од листа. гледајќи по штафетиве не сретнав ниеден албум од продиџи, она, НИШТО... чудно...

систем оф а даун најбрзо ми влегоа во ритам, ама и најбрзо ги преслушав, некако. сеуште слушам, пеам, свирам систем, ама некако многу по млитаво како од кога почнав со стил дис албум. пред и после систем во домашна колекција ми прошле нирвана, мејсон, ред хот чили, ејжн даб, тенејшс ди :), ник кејв, рамштајн, слипкнот, рејџ агенст, најн инч нејлс, џенис џ, хендрикс, симон и гарфункел...

подолг период слушав се и свашта ( благодарјќи на веќе недаркерството на дада ми, молоко, џејмирикуај, феитлес, ројскоп, негатив, фјуџис, фет бој слим, по нешто од ван гог...), дури и хипери хопери ( сајпрес, nwo, 43зла, ајзак, едо, елементал, саф, бисти бојс) за да прејдам на трипери (благодарејќи на продиџикалниот зачеток).

секогаш ќе ги hail-увам, тхе астрал проџекшн. ме убација во трансот веројатно како што никој друг не би. тогаш беше само транс, сега модифицираниот ганг тера малку подлабоко.

преку блексанемпајр (d'n'b), па астрикс и старите инфектед (мада и новиов албум го заредив), па тука идат паранормал атак, егзаил, чи-ад, воид, вајлет вижн, umek, електрук јуниверс, таламаска ( еден другар го нарече саламанга кога ме тераша да одиме на лизгалиште, со кого све не сум бил на трансоини :) ), за да завршам со царот на психоделијата симон посфорд (халуциноген, заедно со раџа рем се шпонгле, со гловер се селтик крос). а не смеам да заборавам и GMS и скази.

како најнова адиција на сваштаријата што ја слушам се џуно реактор, цела дискографија и повеќето миксови. џуно само еднаш имам слушнато а да не сум го пуштил јас, а тоа беше годинава на градиште од страна на номад во 6 саат сабалечки. обично луѓето што ги знаат ги знаат од соундтракот на матрикс.

ја едно време ги познавав џуно по само еден тон исвирен (еднаш се затрескав во секвенца од една трака во едно клипче, секумо раскажав дека морам да ја најдам траката за да испадне џуно :) сега дури и приметувам се што имало влијаније од џуно (пример бугарската песна на евровизија која сите викаа дека е плагијат на некоја стара мк песна, всушност е плагијат на џуно реактор - мастер оф д јуниверс)

новодојденци, а еве веќе две години заглавени меѓу моите звучници и моите уши се единствените лет3. цело друштво ги отупев со лет3 и не верувам дека ќе ме оттргне нешто од слушањето на истите.

некако ми дојде да го испишам сево ова, а знам дека ако некој го отвори постов ќе ги прочита само последниве 5 реда :(

најслушани моментов

- Juno Reactor - Bible of dreams -

Junoreactor_bibleofdreams.jpg

- Let 3 - Jedina -

let3-jed60271.jpg

- The Prodigy - Their Law: the singles (не можам да издвојам албум) -

The_Prodigy_Spitfire.jpg

- Hallucinogen - The lone deranger -

Hallucinogen_The_Lone_Deranger.jpg

- Arhangel - Heart Core

hc-omot.jpg
Fri, 28 Sep 2007 20:46:16 +0200 психа http://divoto-o.blog.com.mk/node/107934

чув глас кој не требаше да биде слушнат,
истиот тој ми забрани дел од мојот омилен говор,
осетив како низ адовата река пливам,
или се давам.

рацеве сеуште ми кризираат,
срцето и плуќата ритмички ми играат,
немам ни 22 години, а стара ми е душата,
се плашам да не сум проколнат и да не биде приказната со крушата.

а не се плашам често,
никогаш не седам во место па макар и да сум прометеј,
обично ни синџир ни граблива птица не ме сопира,
знам дека сум неуништлив и знам дека се преценувам.

никогаш не се плашам,
а сега ми е страв.

ни болка ни трема ни нервоза,
од мене се надѕира само страв.
мислев дека не мислам, мислев дека не се борам,
сфаќам дека проблемот е што мислам

проблемот е што се борам.

никогаш, она вистинското никогаш,
не се плашам.
а еве,
останав сам,

јас и мојот страв.

мојата гангрена не избледува,
не верувам дека таа некако се лекува.

Tue, 18 Sep 2007 04:01:58 +0200 downloading dаy http://divoto-o.blog.com.mk/node/107464

сабајлево „мигрирав“ (колку и да е банален зборов таков ми е даден од страна на мт нет) од адсл 1500кбс со 4гб во 2000кбс со 100гб.

и еве веќе добри 15 саати машинава симиња со 200кбс сето тоа што ми паѓа на памет, на торентов душата му ја вадам.

јес да ме изнервира додатно компресирање на шрек 3 (не ме читајте со чуден поглед, имам мали братучеди и ептен сакале да го гледаат) кој го начекав со 710 мега немам ни едно поголемо цеденце дома па се мучев малку со шкљ програми

ама затоа го најдов, д филм итселф, д уан енд оунли SALUTE OF THE JUGGER,

2 години го барам по интернетов и (нормално како и секогаш) кога најмалку очекував да го најдам од прва го начекав на торент и тоа ставен од пред две недели :)

ете и малку радост,

ај се губам ја да ја загадувам ладнава вечер со никотин.

Sat, 15 Sep 2007 00:07:06 +0200 Darko MIlicic http://divoto-o.blog.com.mk/node/106180

еден од најголемите потенцијали на Србската кошарка, 215 цм, 2 пик на драфт во нба, солидно млад е сеуште, машина за банани

и србин



Fri, 07 Sep 2007 12:38:28 +0200 Рекао сам... http://divoto-o.blog.com.mk/node/106058 kаkаv bed a kakav čemer... Thu, 06 Sep 2007 16:57:06 +0200 плеин филингс http://divoto-o.blog.com.mk/node/105690

Сам, а погледот без да сакам ми ита по сопствена релација. Го гледам и го читам сето тоа што не ми е ни занимација, ни потреба, ни преокупација.

Секое седење на истрошениов стол повеќе од десетина минути ме убива. Сам, а мислите ме шетаат таму каде што мојата среќа никогаш не добива. Колку и да се напрегам да не помислам, толку повеќе ќе го замислам, тоа што го сакам, тоа што се очекува... тоа што боли, тоа што ме пресекува.

Земјава не сврте многу кругови, но мојата (под)свест е таа која се изнапромени. На почетокот беше - лесно, секојдневно, слободно, па прејде накај, чудно, веќе видено, за да заврши со опасно, грчливо и психотично.

„Уште малку“, повторувам константно тешејќи се себе си.

Не знам дали ќе бидам истиот, дали ќе биде истата, дали ќе продолжи тоа што беше.

хм.. не знам дали сакам да продолжи тоа што беше,

не знам што чекам ниту што ќе дојде.

во која дупка се заглавив и како ќе пројде?!
Tue, 04 Sep 2007 00:39:51 +0200 r-600 dvd-box 6131 southpark funke ielts metrobond - 8800 gold edition dvd-box shell omala 5004.13 () -934 .- rittal sony ericsson k790i